Дортмунд ослабен против Сити и до крајот на сезоната

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Дан-Аксел Загаду ќе го пропушти остатокот од сезоната поради повреда на коленото, соопшти германскиот клуб. Клубот соопшти дека на дефанзивецот ќе му биде потребна нова операција на коленото, откако веќе претходно имаше проблеми со лигаментите. Во јануари и февруари годианва, 21-годишниот Французин пропушти осум натпревари поради повреда на мускул, а вкупно сезонава одигра само 13 натпревари. Неговата повреда доаѓа во момент кога Борусија се подготвува за натпреварот од четвртфиналето од Лигата на шампионите против Манчестер Сити, а на табелата во Бундеслигата е на петтото место со 43 бодови, 18 помалку од првопласираниот Баерн.