Фенер најави смена и Булут и ново тренерско име

Турскиот гигант Фенербахче со заедничка согласност го раскина договорот со главниот тренер Ерол Булут, објави клубот. Спортскиот директор Емре Белозоглу ќе го води тимот до крајот на сезоната. Фенербахче е трет на табелата во турската Суперлига по 30 одиграни кола, два бода помалку од големиот ривал Галатасарај и пет помалку од лидерот Бешикташ. Фенербахче започна добро во шампионатот, но во втората половина од сезоната заостанаа зад екипите од врвот, имајќи само две победи на последните пет натпревари. Белозоглу играше за Фенербахче осум сезони, а на функцијата спортски директор на клубот е веќе една година.