Анри се повлекува од социјалните мрежи со моќна порака!

Поранешниот француски фудбалер Тиери Анри соопшти дека поради сеприсутниот расизам на социјалните мрежи, тој ќе ги избрише своите профили.
Анри изјави дека компаниите кои стојат зад социјалните мрежи, не направија доволно да го сопрат насилничкото однесување, кое редовно на мета ги има спортистите со црна боја на кожата.
„Ги бришам своите профили од социјалните мрежи додека надлежните не ги регулираат своите платформи со иста енергија како што тоа го прават кога се кршат авторските права.“ – вели Анри.
Французинот на Инстаграм и Твитер има 2,7, односно 2,3 милиони следбеници.