Легендата на Барселона откри што ќе биде со Меси

Витор Борба Фереира, попознат како Ривалдо, е еден од најдобрите фудбалери на Барселона во историајта. Во каталонскиот клуб помина пет сезони, освои две шампионски титули и Куп, а ја освои и Златната топка во 1999. година.
Во разговор за шпанските медиуми истакна што мисли дека ќе се случи со Меси и Барселона во иднина.
„Откако Лапорта стана претседател, Барса игра доста подобро. Меси е повторно незапирлив, а уште поважно е дека делува среќно и поврзано со остатокот од екипата. Верувам дека ќе остане во Барселона и ќе го продолжи договорот.“ – вели легендарниот Бразилец.
За потсетување, Меси има договор со Барселона до крајот на оваа сезона. Иако воочи сезоната бараше трансфер, до истиот не дојде. Доаѓањето на Куман на позицијата тренер дополнително ги влоши односите меѓу Меси и клубот, но откако Лапорта повторно стана претседател, се почести се гласините дека тоа е доволна причина за Меси да остане.