Мартинез без половина тим на мегдан на Чесите во Прага
Селекцијата на Белгија ќе замине без седум стандардни репрезентативци на мечот со Чешка во квалификацииите за Светското првенство.
Пет од нив играат во германскиот шампионат и нема да патуваат поради ограничувањата околу Ковид -19. Имено, сите што живеат во Германија можат да патуваат во Чешка само откако по нивното враќање ќе се подложат на 14-дневен карантин.
Петте играчи кои играат во Германија и нема да бидат на располагање селекторот се Дедрик Бојата (Херта Берлин), Кун Кастелс (Волфсбург), Торган Азар (Борусија Дортмунд), Орел Мангала (Штутгарт) и Томас Муние (Борусија Дортмунд). Покрај нив, селекторот Роберто Мартинез ќе ги нема и повредените: Томас Вермален и Јаник Фереира Караско.