Ангеловски: Лихтенштајн има подмладен тим, ние сме јасни фаворити

Селекторот на нашите најдобри фудбалери, Игор Ангеловски, очекува полн погодок на денешниот меч со Лихтенштајн во рамките на второто коло коло во квалификациите за Светското првенство во Катар. „Ние сме фаворити. Таква улога сме имале и претходно и треба да ја потврдиме. Можеме да победиме. Лихтенштајн има подмладен состав во однос на 2018. Сега се ќе зависи од нашата игра, добро ги анализиравме“, потенцираше Ангеловски пред мечот од 20:45 часот во Скопје. Во претходните 9 средби со Лихтенштајн имаме постигнато 33 голови а примено 5. Против нив ја имаме рекордната победа 11-1.