Вестбрук со нов трипл-дабл како никој во историјата на НБА
Расел Вестбрук пред почетокот на сезоната по трејд од Хјустон се пресели во Вашингтон, каде му требаа само 38 натпревари да го сруши клупскиот рекорд по бројот на трипл-дабл. А овој синоќешниот, со кој го сруши рекордот, беше можеби и најимпресивен од сите 162 кои ги оствари во кариерата. Во победата на Вашингтон над Индијана со 132:124, Вестбрук постигна 35 поени, 21 асистенција и 14 скокови, со што стана првиот кошаркар во НБА историјата кој забележал трипл-дабл со барем 35 поени и 20 скокови. Тој го искористи отсуството на најдобриот стрелец на лигата, Бредли Бил и практично сам го одведе Вашингтон до победа. „Тој е победник. Можеби ние не победуваме колку што би сакале, но тој секоја вечер се бори, ја води екипата и игра цврсто. Не е совршен, понекогаш губи премногу топки, но се натпреварува. Прави работи кои не сум ги видел во своите 30 години во лигата. Тој е победник и борец.“ – вели тренерот на Визардс, Скот Брукс. Оскар Робертсон и понатаму е пред Вестбрук на листата на сите времиња со 181 трипл-дабл, но со ова темпо, Вестбрук би можел да го престигне веќе на почетокот на идната сезона.