Словенија прва во Европа го прекина шампионатот поради КОВИД-19

Фудбалското првенство на Словенија е прекинато поради пандемијата на коронавирус.
Со тоа, Словенија стана првата земја во Европа која во 2021. година го прекина првенството поради влошената епидемиолошка ситуација. Словенечките власти ги забранија сите спортски активности, со што е прекината сезоната во Првата лига, но и во останатите натпреварувања.
Фудбалскиот сојуз на Словенија испрати молба до властите сепак да дозволат продолжување на натпреварите, а одговор се уште се чека.
Словенија последните неколку денови има по повеќе од илјада заразени со коронавирус.