Пандев: Репрезентацијата заслужува поголем респект
Македонската фудбалска „икона“ , Горан Пандев, кој стана највозрасниот фудбалер што постигнал погодок против Германија во квалификациите за Мундијалот, се огласи на социјалните мрежи. „Во фудбалот некогаш се случуваат чуда. храбрите ги прати среќата. со борба, верба и срце на терен оваа генерација заслужи и заслужува многу поголем респект“, напиша Пандев. Пандев кој вчера го постигна 37-от гол за репрезентацијата, доби честитки и од неговиот клуб, Џенова.