Тотенхем останува без двете најголеми ѕвезди?!
Тотенхем ова лето, судејќи по информациите на медиумите од Англија, ќе остане без двајцата најдобри играчи. Најавено е заминување на Кејн и Сон во летниот преоден рок.
Капитенот на Англија се поврзува со трансфер во Манчестер Јунајтед и Челзи, додека Сон добил понуда од Баерн Минхен според која ќе заработува по 220 илјади евра неделно.
И двајцата фудбалери неодамна ги прекинаа преговорите за нов договор со Тотенхем, па ова лето Леви и Мурињо ќе треба да најдат адекватни замени за најдобрите играчи на екипата од Лондон.
Сон во досегашниот дек од сезоната постигна 18 голови и 16 асистенции во сите натпреварувања, додека капитенот Кејн има 27 гола и 16 асистенции во сите конкуренции.