Запата: Како мал навивав за Арсенал
Напаѓачот на Аталанта и репрезентацијата на Колумбија, Дуван Запата проговори за неговиот омилен клуб во англиската Премиер лига. „Може ли да бидам во англиската Премиер лига во иднина? Во фудбалот, никогаш не кажувај никогаш. Кога бев дете, секогаш ја гледав Премиер лигата. Од детството бев навивач на лондонски Арсенал. Секоја недела станував рано за да ги гледам нивните натпревари во живо (временската разлика помеѓу Колумбија и Велика Британија е 6 часа). Бев вљубен во Арсенал кога Тиери Анри играше за нив. Во Колумбија, ја сакаме англиската Премиер лига. Кој знае, можеби некогаш ќе можам да играм таму“, изјави Запата за „Газета дело Спорт“. Дуван Запата игра за Аталанта од летото 2018 година. Неговиот договор со тимот од Бергамо важи до 30 јуни 2023 година, а неговата вредност се проценува на 38 милиони евра.