Агуеро го напушта Сити, но останува во Англија?
Кун Агуеро ја игра последната полусезона во дресот на Манчестер Сити, би можел да си замине со вистинска „жетва“ на трофеи, петтата титула во првенството е загарантирана, иако неговиот придонес за истата поради повреди беше значително помал, за разлика од претходните девет години поминати во клубот. Агуеро ќе го напушти клубот како најдобар стрелец во историјата, многумина велат и најдобар играч, а секако ќе биде најтрофеен. Не е тајна дека Агуеро има желба да остане во Премиерлигата, а се чини дека ќе добие понуда од соништата. Челзи е подготвен да му понуди повеќегодишен договор, наводно Абрамовиќ веќе дал зелено светло на Тухел, со оглед на тоа што Тимо Вернер како разочарување најверојатно ќе се врати во Бундеслигата како позајмен играч. Челзи преговара и со Халанд, но тука шансите се мали, потребен им е нов напаѓач, па Агуеро би дошол како „кец на десетка“. Аргентинецот би добил шанса и понатаму да игра во лигата која ја смета за најсилна на светот.