Белгиецот Де Кетелар пред потпис со Аталанта

Шарл Де Кетелар од Бриж најверојатно ќе биде новото летно засилување за италијанска Аталанта. Составот од Бергамо е заинтересиран за услугите на 20-годишниот Белгиец и веќе почнал преговори со неговиот агент. Аталанта во Де Кетелар гледа како на потенцијална замена за Јосип Иличиќ, кој е близу до заминување од клубот ова лето. Според информациите, Аталанта подготвува сума од околу 16 милиони евра, на колку што во моментов е проценет младиот Белгиец. Инаку Де Кетелар потекнува од фудбалската академија на Бриж, а во тековнава сезона одигра 38 натпревари и постигна 4 гола за својот актуелен клуб.