Одегард не сака ни во Реал, ни во Арсенал – туку во Ливерпул

Мартин Одегард има желба на лето да се пресели во Ливерпул, доколку „црвените“ се договорат со Реал Мадрид.
Во моментов Одегард игра на позајмица во Арсенал и се претставува на високо ново, па „топџиите“ сакаат да го задржат за постојано.
Меѓутоа, весникот „АС“ пренесува дека Норвежанецот е импресиониран од Јирген Клоп и преферира да се пресели во Ливерпул.
Одегард смета дека на „Енфилд“ ќе има многу поголеми шанси да се бори за трофеи, а сака да остане во Премиер лигата.