Голманот на Лил е замена за Донарума во Милан

Челниците на фудбалскиот состав Милан полека се насочуваат кон ново голманско име бидејќи Џанлуиџи Донарума нема намера да го продолжи договорот доколку не добие најмалку десет милиони евра по сезона.
Бидејќи „росонерите“ не сакаат да ги исполнат барањата на младиот чувар на мрежата, италијанските медиуми тврдат дека тие пронашле негова замена.
Станува збор за Мајк Меиган кој ги брани боите на Лил и на репрезентацијата на Франција. Неговиот договор ќе истече во 2022 година а неговата трансферна вредност е околу 12 милиони евра.