Италијанските гиганти го сакаат Жоржињо ова лето

Плејмејкерот на Челзи, Жоржињо ова лето би можел да се врати во Серија А, откри неговиот агент. Агентот Жоао Сантош откри дека трите најголеми италијански клуба го сакаат Жоржињо и ќе се обидат да го донесат ова лето. „Жоржињо би бил среќен да се врати во Италија. Тој има договор со Челзи на уште две години, но наскоро ќе има преговори за продолжување на договорот. Во моментов неговата цена е 50 милиони евра. За него интерес покажува Јувентус, но и Милан и Интер. Сепак, не знам дали Челзи е спремен да го пушти“, откри агентот.