18-годишен уругвајски талент на радарот на Атлетико Мадрид

Лидерот на табелата во шпанската лига, екипата на Атлетико Мадрид започна преговори за потпишување договор со младиот уругвајски напаѓач Матијас Арезо. Според информациите, 18-годишниот напаѓач на Ривер Плата од Монтевидео се смета за еден од најдобрите млади таленти во земјата и е наречен „новиот Суарез“. Актуелната цена на фудбалерот е проценета на само 1,5 милиони евра што веројатно нема да биде проблем за трансфер во Шпанија. Оваа сезона Арезо одигра 14 натпревари на кои постигна четири гола и имаше и четири асистенции.