„Јарците“ се разделија со тренерот Маркус Гиздол
Келн денес објави дека главниот тренер Маркус Гиздол е разрешен од фунцкијата по поразот од Мајнц вчера. „Тимот, мојот штаб и јас дадовме сто проценти до самиот крај за да постигнеме добри резултати. За жал, не успеавме да го направиме тоа во последно време. Ова го велам затоа што не остваривме победи, и покрај добрите настапи. Тимот секогаш даваше се од себе и се обидуваше да ги надмине тешкотиите што не следеа од почетокот на сезоната. На момците им посакувам се најдобро и се надевам дека Келн ќе остане во Бундеслигата“, изјави Гиздол. Тој беше на чело на Келн од 2019 година.