УЕФА им даде 3 дена на спорните градови домаќини на ЕП 2020

УЕФА одлучи да го одложи крајниот рок до 23 април за градовите Даблин, Минхен и Билбао, кои треба да се изјаснат дали ќе дозволат да има навивачи на трибините додека се играат мечевите на Европското првенство. Според одредени информации, трите града ризикуваат да го загубат правото да бидат домаќини на натпреварите на турнирот. Континеталниот собир требаше да се одржи во изминатата година, но, поради пандемијата со ковид-19, турнирот беше одложен за летото пред нас. Планирано е ЕП да се реализира од 11 јуни до 11 јули во 12 градови – Санкт Петербург, Лондон, Минхен, Баку, Рим, Букурешт, Копенхаген, Амстердам, Билбао, Глазгов, Будимпешта и Даблин.