Борис Џонсон се изјасни против Суперлигата
Британската влада разгледува различни опции за да го спречи почетокот на Европската Суперлига во фудбал, изјави портпаролот на британскиот премиер Борис Џонсон. „Видов голем број предлози што беа изнесени како потенцијални решенија. Разгледуваме голем број можности и премиерот сака да разгледа сè што можеме да сториме за да се осигураме дека тие предлози нема да бидат спроведени како што е предложено“ рече портпаролот. Реакциите доаѓаат откако 12-те најмоќни фудбалски клубови од Англија, Шпанија и Италија објавија дека создаваат Суперлига.