Бекам се огласи против формирање на Суперлигата
Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и на репрезентацијата на Англија, Дејвид Бекам, жестоко реагираше преку социјалните мрежи по повод формирањето на Европската Суперлига. „Навивачите не го сакаат најавеното натпреварување. Јас многу го сакам фудбалот а тој без фановите нема никакво значење. Фудбалот треба да се базира на успех и историја. Мораме да ги заштитиме вредностите што ги сакаме“, потенцираше Бекам кој настапуваше за Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Милан или трите клуба кои најавија дека ќе играат во новото натпреварување.