Несторовски го повреди коленото, неизвесен настапот на ЕП
Илија Несторовски се повреди и сезоната за него во Серија А е завршена, а во прашање се доведува и неговиот настап на Европското првенство. Италијанските медиуми пренесуваат дека Нестор се повредил на вчерашниот тренинг, станувало збор за повреда на коленото и во наредните денови ќе биде позната точната дијагноза. По прегледите ќе се знае дали станува збор за истегнување, оштетување или кинење на лигаменти, до тогаш ние ќе се надеваме на најдоброто сценарио, а тоа е да биде спремен да и помогне на Македонија на ЕП.