Барса го обнови интересот за Де Лихт
Дефанзивецот на Јувентус и репрезентацијата на Холандија, Матијас де Лихт, кариерата може да ја продолжи во Шпанија.
Како што објави весникот „Спорт“, Барселона го обнови интересот за 21-годишниот фудбалер. Новиот претседател на клубот, Жоан Лапорта и главниот тренер на тимот Роналд Куман , кој добро го познава квалитетот на играчот кога ја водеше репрезентацијата на Холандија, сакаат да го видат Де Лихт во тимот. Во исто време, пријател на Матијас Де Лихт е играчот за врска Френки де Јонг, со кого играа за Ајакс.
Јувентус го купи Де Лихт летото 2019 година за 85,5 милиони евра. Оваа сезона дефанзивецот учествуваше на 22 натпревари од италијанската Серија А (20 во стартниот состав), постигна 1 гол и 1 асистенција и доби четири жолти картони.