Пиоли ќе остане на клупата на Милан и следната сезона
Во италијанските медиуми вчера се појави информација дека Милан би можел да го отпушти тренерот Стефано Пиоли поради послабите резултати во последно време.
Меѓутоа денес стигнуваат поинакви вести. Медиумите блиски до клубот од Милано пренесуваат дека „росонерите“ нема да го отпуштат Пиоли дури и ако тимот не се избори за место во Лигата на шампионите.
Борбата за место во ЛШ во Серија А ќе биде и тоа како возбудлива и веројатно неизвесна до последното коло. После 33 кола Милан е петти со 66 бодови колку што имаат Наполи и Јувентус, Аталанта е втора со 68 бода, но тука е и Лацио кој е шести со 62 бода и натпревар помалку од конкурентите. На врвот се „одлепи“ Интер со 79 бодови.