Ѕвезда на ПСЖ „распали“ по Гвардиола!
Манчестер Сити успеа да стигне до победа од 1:2 на гостувањето кај ПСЖ во првиот полуфинален меч од Лигата на шампионите. Парижаните водеа со голот на Маркињос, но пресврт донесоа Кевин Де Брујне и Ријад Марез.
Во една ситуација, играчот од средниот ред на ПСЖ, Марко Верати направи прекршок, а Пеп Гвардиола тргна да им кажува на судиите да му дадат жолт картон. Верати тоа го слушна, по што му одговори на шпански јазик.
„Што сакаш ти? Замолчи“– распали Италијанецот, а се тоа беше снимено од микрофоните.
Реваншот се игра веќе во вторник со почеток од 21. часот на стадионот „Етихад“.