Гвардиола: Јирген, фала ти што ме направи подобар тренер!
Манчестер Сити на три кола пред крајот на првенството ја освои титулата шампион на Англија. Тоа е трета титула во последните четири сезони под тренерската палка на Пеп Гвардиола.
Помеѓу првите кои му честитаа на Гвардиола беше оној кој на само една сезона ја прекина доминацијата на Сити во Премиерлигата, тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп.
Тоа го воодушеви Гвардиола: „Тоа е одличен гест од него, како и од Карло Анчелоти, кој исто така ми честиташе. Им се восхитувам и на двајцата. Клоп веќе години наназад е моја инспирација. Од Дортмунд до Ливерпул ме правеше да бидам подобар тренер, бидејќи водејќи ги неговите најголеми ривали Баерн и Сити поради него морав многу да размислувам за натпреварите и противниците. Многу ти благодарам Јирген и го ценам твојот гест.“ – изјави Гвардиола.