Словенечка Мура противник на Шкендија во квалификациите на ЛШ
Македонскиот фудбалски шампион, Шкендија, ќе ги одмери силите со екипата на Мура од Словенија во првото елиминациско коло за влез во елитната конкуренција на Европа.
Првата средба ќе биде одиграна во нашава земја на 6/7 јули додека реваншот е предвиден за 13 или 14 во истиот месец во Словенија.
Мура во претходната сезона за прв пат во долгогодишната историја успеа да го освои шампионскиот пехар во елитната конкуренција на Словенија.