Македонија – Австрија донесе голем скандал во Романија! (фото)
Натпреварот на Европското првенство кој во Букурешт го одиграа Македонија и Австрија донесе голем скандал во Романија.
Имено, весникот „Газета Спортурилор“ на насловната страна открива дека тамошните политичари тој натпревар го следеа од свечената ложа, додека романските фудбалски легенди добија место на обичната трибина, помеѓу навивачите на Македонија.
Таму завршија Георге Хаџи, најголемиот фудбалер во историјата на Романија, познат како Марадона од Карпатите, потоа уште еден великан, Георге Попеску, како и Доринел Мунтеану, неговиот соиграч од златната репрезентација од 90-тите.