„Непоканет“ гостин на натпревар во Полска, судијата покажа смисла за хумор!

Натпревар од петтата полска фудбалска лига минатиот викенд беше прекинат од натрапник од небото.

Играчите на Олимпија Елблаг и ПИСА Примавера Барчево пазеа каде е топката, како да додадат или да се отворат, кога од никаде на тревникот слета падобранец.

На среќа, при слетувањето не се судри со никој од играчите, а судијата веднаш го прекина натпреварот, му пријде на непоканетиот гостин и му покажа жолт картон.

Падобранецот со помош на редарите го собра своето превозно средство и го напушти теренот, по што натпреварот беше продолжен.