Рускиот дефанзивец Фернандез добро мина, не е сериозно повреден

Дефанзивецот на Русија, Марио Фернандес, нема повреда на ‘рбетниот мозок, покажаа деталните лекарски прегледи, соопшти раководството на руската фудбалска репрезентација. Тој денеска беше изнесен на носилки во 26-та минута  на средбата со Финска која и припадна на „Зборнаја“ со минимални 1-0.

„Според резултатите од прегледот, Марио Фернандес нема повреди на ‘рбетот. Тој ќе замине со тимот за Москва и ќе биде под надзор на лекарите од руската репрезентација”, се вели во соопштението.

Русија последниот меч од групната фаза ќе го одигра против Данска на 21 јуни во Копенхаген.