По 117 години – Реал добива странец за капитен

Серхио Рамос и Реал Мадрид синоќа објавија дека шпанскиот дефанзивец ова лето ќе го напушти клубот, а со неговото заминување останува празно местото капитен во мадридскиот клуб.

Шпанска „Марка“ денеска пишува дека Марсело, Карим Бензема и Рафаел Варан се играчите кои ќе ја преземат траката, со тоа што, Марсело ќе биде капитен, а Бензема и Варан негови заменици.

Марсело ќе стане првиот „странски“ капитен на Реал Мадрид уште од 1904. година, 15 години по доаѓањето во клубот. Англичанецот Артур Џонсон беше првиот странец капитен на клубот, во далечната 1902. година.

Заменет беше од Кубанецот Хозе Гиралт, додека последен странец кој ја носеше траката на Реал беше од Гватемала, Федерико Ревиерто. По него, сите капитени беа шпанци.

Рамос освои 12 титули во своите шест сезони како капитен, повеќе од Икер Касиљас (кој освои седум во пет години) и Раул (кој освои четири во седум години).