Димитриевски: Жал ми е што не помогнав си одбранетиот пенал

По дуелот со Украина одигран на „Националната арена“ во Букурешт, свое видување даде и голманот на нашата репрезентација Столе Димитриевски, кој беше најзаслужен што Македонија остана во игра за бод до самиот крај на натпрерварот.

„Имавме два различни натпревари. Првиот беше доста добар, додека на вториот меч првиот дел беше послаб од вториот. Сепак, ја покажавме најдобрата игра на ЕП во вторите 45 минути. Искрено, не сум задоволен од себе, затоа што не ѝ помогнав на екипата да дојдеме барем до бод. Сепак, одиме до крај сите заедно. Кога говориме за пеналот, разговараме со сите тренери. Да се одбрани пенал не е лесно, ги имаме сите играчи простудирано. Ова не е само мој одбранет пенал, туку на сите нас. Сега следи Холандија, каде одиме да се покажеме во најдобро светло, па да освоиме барем бод“, изјави Димитриевски.

Следниот натпревар, кој воедно че биде последен во групната фаза, за Македонија ќе биде во Амстердам на гостински терен кај Холандија (понеделник, 21 јуни од 18:00 часот).