Рамос во Барселона? Еве го одговорот!
Серхио Рамос официјално го напушти Реал. Го напушти мадридскиот клуб, за кој одигра 671 натпревар, откако истече неговиот договор. Со претседателот на клубот, Флорентино Перез не успеа да најде заеднички јазик за продолжување на соработката.
„Последните неколку месеци Реал ми нудеше едногодишен договор со 10 отсто намалување на платата. Парите никогаш не биле проблем, но јас сакав договор на две години. Подоцна го прифатив предлогот, но понудата на Реал имаше рок до кога морав да се изјаснам, а јас тоа не го знаев.“ – рече 35-годишниот Рамос.
Шпанскиот дефанзивец се уште не објавил во кој клуб ќе ја продолжи кариерата.
„Враќање во Севиља? Не, тоа не е опција.“ – рече Рамос, кој потоа беше запрашан дали има можност за заминување во Барселона, најголемиот ривал на Реал.
„Невозможно. Никогаш нема да ме видите во тој клуб. Не знам за кого ќе потпишам. Кога ќе одлучам, прв ќе ја објавам одлуката.“