Уште еден тренер го одби Тотенхем!
Наскоро ќе се навршат полни три месеци откако Тотенхем бара наследник за Жозе Мурињо, а во меѓувреме уште еден тренер го одби тој клуб.
Се работи за тренерот на Севиља, Хулен Лопетеги, на кого Тотенхем наводно нудел „вртоглав“ износ, но тој ја одбил понудата. Таа вест ја изнесе претседателот на шпанскиот клуб, Хозе Кастро.
„Хулен ми се јави и ми кажа. Рече дека имал понуид, но не ги слушал. Тука беше и вртоглавата понуда на Тотенхем. Ми рече дека не заборава и дека е мотивиран овде. Му верувавме и му веруваме, му дадовме нов двегодишен договор и сигурен сум дека ќе донесе уште многу успеси на клубот. Секој ден ги гледаме неговите способност и лидерски вештини. Некои тренери се водат само од економски причини, но Хулен беше дециден и среќен е овде. Рече дека тешко ќе пронајде подобро место за работа.“ – рече Кастро.
Тотенхем претходно се обидуваше да доведе разни тренери, но се уште не успеа во намерата. Пробаа со Маурисио Покетино, Антонио Конте, Пауло Фонсека, Џенаро Гатузо и други бројни стручњаци, а сега на таа листа е додаден и Лопетеги.