Дешамп: Мора да се опоравиме, турнирот започнува сега

Франција во последниот натпревар од групната фаза ремизираше со Португалија со резултат 2:2. Со тоа, ја задржа првата позиција во групата, па во осминафиналето ќе игра против Швајцарија.

Селекторот Дидие Дешамп беше задоволен со расплетот. „Беше тоа голема борба и не беше нималку едноставно. Им подаривме два гола од грешки. Се обидовме да победиме, не ни беше сеедно. На врвот сме во групата, а тоа е најдобра позиција. Треба тоа да го цениме и да се опоравиме. Сега започнува сосема нов турнир.“ – изјави Дешамп.

Францускиот стручњак оствари голем успех, ова за него е четврт голем турнир на кој со репрезентацијата е на првото место во групната фаза.

Титулата за играч на натпреварот ја понесе Карим Бензема, кој постигна два погодоци.

„Никогаш не се сомневав во себе. Знаев дека очекувањата се големи и драго ми е дека се покажав во вистинско светло.“ – заклучи напаѓачот на Реал Мадрид.