Педри одби нов договор, сака поголема плата од Барселона
Младиот плејмејкер на Барселона, Педри одби да го продолжи договорот со Каталонците, пренесуваат шпанските медиуми.
Актуелниот договор на Педри истекува во 2022 година со опција за продолжување на уште една година. Меѓутоа, играчот и неговиот агент настојуваат на зголемување на платата, а Лапорта тоа го одбива.
Желбата на Педри е да добива иста плата колку Ансу Фати, но Каталонците му понудиле многу помалку. Поради тоа двете страни во моментов се далеку од договор.
18-годишниот Педри одигра одлична сезона со Барселона и заработи повик за шпанската репрезентација на Европското првенство.