Јунајтед го завршува првото големо засилување ова лето!

Манчестер Јунајтед и Борусија Дортмунд ги договорија сите детали околу трансферот на Џејдон Санчо, пишува „Дејли Мејл“.

Јунајтед го посакуваше англискиот репрезентативец уште минатото лето, но се одолговлекуваше со понудата, за Германците да одлучат на крај да се повлечат. Борусија тогаш бараше 120 милиони евра, но во овој трансфер период поради кризата ја спушти цената.

Како што пишуваат медиумите, Јунајтед за 21-годишниот фудбалер ќе плати 85 милиони евра и уште пет милиони во бонуси, па вкупниот износ на трансферот ќе биде 90 милиони евра.

„Преговорите траеја со недели, но сега се е готово. Јунајтед овој викенд би можел да го објави трансферот на Санчо на Олд Трафорд по Европското првенство. Со тоа е завршен трансферот на кој се работеше повеќе од една година и Солскјер конечно ќе го добие играчот кој го посакуваше.“ – пишува весникот.

Џејдон Санчо пристигна во Борусија летото 2017. година како 17-годишник од Манчестер Сити за само осум милиони евра. За Германците одигра 137 натпревари, постигнувајќи 50 погодоци и запиша 64 асистенции.