Франција во проблеми – пет повредени пред осминафиналето!
Селекторот на актуелниот светски шампион Франција Дидие Дешамп има многу проблеми пред мечот од осминафиналето на ЕУРО 2020.
После повредата на Дембеле и неговото напуштање на Европското првенство, потоа повредата на Лукас Хернандез и Дињ, по се изгледа на таа листа се придружија уште двајца.
Во прашање се Томас Лемар и Маркус Турам. Тие се повредиле во текот на последниот тренинг и речиси сигурно нема да настапат на мечот од осминафиналето. Лемар е во полоша состојба, затоа што тренингот го напушти со помош на лекарите, откако не можеше самиот да се движи.
Турам има проблем со повреда на мускулот, па ќе мора да оди на терапии.
Франција својот осминафинален натпревар го игра против Швајцарија во понеделник од 21 часот.