Димитриевски ја менува клупската средина во Шпанија
Столе Димитриевски за Македонија на Европското првенство беше еден од најдобрите фудбалери, па неговите настапи не останаа незабалежани. Тој и покрај тоа што прими 8 гола, беше еден од најдобрите голмани на групната фаза, со своите интервенции, смиреноста и сигурноста која што ја покажа на голот, па сето тоа најверојатно ќе му донесе трансфер.
Неговиот клуб Рајо Ваљекано влезе во Примера, откако победи во баражот, каде што ја немаше помошта од нашиот голман, бидејќи тој беше на Европското првенство, а следната сезона сигурно ќе го гледаме во Примера, но не се знае дали во дресот на Рајо Ваљекано или во некој многу посилен клуб.
Според шпанските медиуми, интерес за него покажуваат Гранада и Гетафе, кои се наметнуваат како први фаворити за потписот на Македонецот, посебно ако се знае дека се клубови со многу поголеми амбиции од Рајо, односно последниве сезони редовно играат во Европа, додека тимот од Ваљекано го чека битка за опстанок во новата сезона.