Се огласи Перишиќ по заразата со КОВИД-19
Иван Перишиќ нема да може да и помогне на Хрватска во осминафиналето до ЕУРО 2020 против Шпанија. Тоа ќе биде голем хендикеп за селекторот Златко Далиќ, откако дозна дека тој ќе мора 10 дена да биде во изолација поради позитивен тест на коронавирус.
Меѓутоа Перишиќ денеска по прв пат се огласи од изолација и испрати порака со надеж. Во изолација ќе мора да остане најмалку десетина дена, тоа значи дека Хрватска би морала да стигне до финалето, за тој повторно да заигра на овој турнир.
„Како што веројатно знаете, бев позитивен на КОВИД-19. Ви благодаран на сите за пораките на поддршка. Се чувствувам подобро, но многу сум тажен затоа што нема да можам да и помогнам на Хрватска. Уверен сум дека момците ќе одиграат голем натпревар со поддршка од нашите неверојатни навивачи. И кој знае, можеби на крајот сепак ќе заиграм на овој турнир.“– напиша Перишиќ.