Белерин е замената за Хакими во Интер

Интер е заинтересирани за десниот бек на Арсенал, Хектор Белерин, пренесуваат медиумите на Апенините.

„Нероаѕурите“ постигнаа договор со ПСЖ за продажба на Хакими, а во Белерин гледаат идеална замена за Мароканецот. 25-годишниот Шпанец скоро целата своја кариера ја помина во Арсенал, но веќе е уморен од недостатокот на амбиција на клубот и сака да ја промени средината за да се бори за трофеи.

Од Интер можат да му понудат редовно да се натпреварува во Лигата на шампиони, па веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

Шпанецот има долг договор со лондонскиот клуб, а неговата цена се движи помеѓу 20 и 30 милиони евра.