„Европското првенство е смешно!“
Велс во саботата во осминафиналето од Европското првенство беше елиминиран од Данска, откако беа поразени со 4:0 во Амстердам.
По тешкиот пораз, се огласи дефанзивецот на Велс, Крис Гантер, кој не беше воодушевен што ЕУРО се одржува во 11 различни градови ширум Европа.
Велс првите два натпревари ги играше во Азербејџан, потоа во Рим, па во Амстердам.
„Секоја репрезентација имаше свои навивачи каде и да настапуваше.“ – напиша Гантер на социјалните мрежи, па продолжи:
„Но Велс не, освен 350 луѓе кои ги прекршија владините правила и ја загрозија својата финансиска состојба како би стигнале таму. И ние играчите и навивачите заслуживме повеќе од овој смешно организиран турнир, но кој вели дека животот не е суров?“
Велс на Европското првенство патуваше 5.382 километри, а повеќе од нив патуваа само Швајцарија и Шведска.