Елмас меѓу највредните плејмејкери во Серија А
После Европското првенство Елиф Елмас доби мал одмор пред да започне со обврските за Наполи.
Елмас не беше на нивото на кое очекуваше македонската јавност на ЕП и турнирот го заврши без постигнат гол. Сепак се надеваме пред 21 годишниот Елиф ќе има уште големи натпреварувања во дресот на Македонија.
Наполи неодамна се раздели со Гатузо и на кормилото беше доведен Лучијано Спалети. Кај Гатузо Елмас не добиваше преголема минутажа останува да видиме дали тоа ќе се промени кај Спалети.
Во овој период кога нема натпревари „Трансфермаркт“ ги објави највредните офанзивци. Во топ 10 имаше место и за Елмас кој беше проценет на 17 милиони евра. На врвот на листата се најде соиграчот на македонскиот фудбалер Пјотр Зјелински (50 милиони), зад него следуваат Ериксен (40 милиони) и Заниоло (40 милиони).