Рускиот селектор ја презеде одговорноста за лошото ЕП
Селекторот на руската репрезентација, Станислав Черчесов, ја презеде одговорноста за неуспешниот настап на ЕП.
Техничкиот комитет на Рускиот фудбалски сојуз денеска ја опиша работата на Черчесов како незадоволителна. Русија заврши последна во групата Б. „Зборнаја“ ја победи Финска а загуби од Белгија и Данска . Министерот за спорт, Матицин и претседателот на РФУ, Дјуков, исто така дадоа негативна оценка за перформансите на тимот.
„Сакам да им се заблагодарам на сите членови на техничкиот комитет за објективната критика. Нашата цел беше да постигнеме максимални резултати и признаваме дека не успеавме. Јас не сум ослободен од одговорност“, изјави Черчесов.