Овој играч ќе биде шампион безразлика на победникот во НБА финалето
Милвоки Бакс ја завршија серијата против Атланта со победа на гости од 118:107 во шестиот натпревар и со вкупни 4:2 влегоа во НБА финалето. Таму ќе играат против Феникс Санс, а серијата започнува ноќта вторник кон среда.
Еден играч на Феникс беше посебно весел кога дозна дека во финалето ќе игра против Милвоки, бидејќи без разлика на конечниот победник, тој ќе биде првак.
Имено, Тори Крег воочи почетокот на сезоната, откако му истече договорот со Денвер, како слободен играч потпиша за Милвоки, меѓутоа не се наметна и во 18 натпревари во просек постигнуваше 2,5 поени за 11 минути на паркетот. Потоа, беше трејдуван во Феникс каде доста подобро се снајде и ја користи секоја прилика кога добива поголема минутажа, па во 32 натпревари има просек од 7,2 поени за 19 минути игра.
Со оглед на тоа што тој сезонава настапуваше за двата финалисти, овој 30-годишен бек секако ќе стане НБА шампион, иако тоа не значи дека ќе добие шампионски прстен. На шампионите останува изборот дали ќе му доделат прстен и на играчот кој не ја завршил сезоната кај нив, а играчот има избор дали ќе го прифати или не.