Наумче Мојсовски ги прими архитектите на фудбалското чудо: Ангеловски и Пандев

Капитенот на фудбалската репрезентација, Горан Пандев и поранешниот селектор, Игор Ангеловски, имаа прием кај директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, кој им додели благодарници за досегашните успеси и за сите позитивни емоции кои ги предизвикаа кај целокупната нација со настапот на ЕП.

„Европското е голем успех за секоја репрезентација особено за нашата. И покрај големите остварувања во мојата долгогодишна фудбалска кариера, за мене настапот на европско првенство со мојата репрезентација е моментот кој го чекав сите овие години“, истакна Пандев.

„Тимот докажа дека кога има разбирање има и успех. Покажавме дека сме мала земја со големо срце“, истакна Ангеловски.