Гамбиецот Маронг потпиша за Академија Пандев
Академија Пандев вчера објави дека потпишан е договор со Осман Маронг кој доаѓа од Црвена Звезда.
Станува збор за 22-годишен фудбалер од Гамбија кој со „пандевци“ потпиша договор на две години.
„Оусман Маронг од Црвена Ѕвезда најново засилување за Академија Пандев. Гамбиецот денеска потпиша двегодишен договор со нашиот клуб и во тек е неговата регистрација за право на настап. Се работи за 22-годишен играч кој подеднакво добро се снаоѓа на позициите офанзивен играч за врска и крилен напаѓач. Му посакуваме многу голови и асистенции во плаво-белиот дрес!“, соопштија од Академија Пандев.