Раул Хименез: Докторите ми рекоа дека чудо е што играм фудбал
Раул Хименез, кој се лекуваше подолг период по скршеницата на черепот, проговори за тоа што го преживеал во изминатиот период.
„Лекарите детално ме информираа за ризиците. Тоа не се работи што сакам да ги слушнам, но, тие си ја вршат работата. Ми рекоа дека е чудо што сум тука. Секогаш мислев дека по рехабилитацијата ќе се вратам на теренот, не сум помислил да се повлечам од фудбалот“, потенцираше фудбалерот на „волците“ кој неодамна се врати во игра.