Левандовски сака да го напушти Баерн?!

Роберт Левандовски сака да го напушти Баерн Минхен, пишува Скај Спортс.

Одличниот напаѓач за два дена ќе наполни 33 години и сака нов предизвик. Во Германија стана вториот најдобар стрелец во историјата на Бундеслигата, а минатата сезона постигна 41 погодок во германското првенство и така го собори рекордот на Герд Милер.

Сепак, се чини дека желбата на полскиот фудбалер нема да биде исполнета. Баерн за него бара 100 милиони евра, што е износ кој никој нема да го плати. Скај пишува дека Левандовски е фрустриран бидејќи Баварците не сакаат да го продадат, но нема да форсира трансфер како не би ги нарушил добрите односи со клубот.

Треба да се нагласи дека Левандовски не е несреќен во Баерн, но сака да проба нешто ново. Тешко дека тоа ќе го направи ова лето, па целта му е да го промени клубот најдоцна до својот 35. роденден. За тоа има уште две години, колку што му трае и договорот со клубот од Минхен.