Осуден криминалец е новата трансфер желба на Вулверхемптон
Желбата на Вулверхемтон да го доведе Рубен Семедо во своите редови најверојатно нема да се оствари, тврдат англиските медиуми, потсетувајќи на криминалното минато на поранешната надеж на Португалскиот фудбал.
Проблемите што се појавија при реализација на тој трансфер се однесуваат на неможноста да се добие работна дозвола за играчот, кој криминалот го одведе зад решетки.
Семедо е стопер кој игра за Олимпијакос од 2019. година, но и кој беше осуден од судот во Валенсија со условна затворска казна од пет години и забрана за влез во Шпанија од осум години.
Тој беше уапсен во 2018 година додека играше за Виљареал, и беше пуштен од затвор откако плати кауција од 30.000 евра. Потоа му беше изречена условна казна од пет години затвор и забрана за влез во Шпанија.